IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Меѓународна конференција „Е-Општество.мк“

Четиринаесетти пат по ред Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис  ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Конференцијата се одржа на 11 Декември 2018 год.во Хотелот „Холидеј ин“ во Скопје од 11:00 до 16:00 ч., при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.

Паблик – Трет Форум на добри компании 2018

Меѓународниот форум кој се одржа на 10 Декември 2018 год. во Хотел Мериот во Скопје, беше во организација на Паблик во партнерство со Регионалниот проект за социјални права на ранливи групи (СоРи), кој се имплементира од страна на Германското друштво за меѓународна соработка во име на Германското сојузно министерство за економска соработка и развој и со ЕУ проектот за поддршка на социјалното претприемништво, финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка.

ЕБОР семинар - Моќта на брендирањето

НЛБ Банка и Европска Банка за обнова и развој (ЕБОР) организираа семинар Моќта на брендирањето. Семинарот се одржа на 7 Декември 2018 год. во НЛБ Галерија во НЛБ Банка Скопје со почеток во 10 часот.

Поттикнете го иновативниот потенцијал во компанијата

На 24.11.2018 година, од 10:00 до 12:00 часот во Јавна Соба, Скопје, во склоп на Skopje Design Week 2018, Solveo и Innothink организираа 2 часовна работилница за поттикнување на иновативниот потенцијал на Македонските компании, каде свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ.

Глобален лидерски самит Македонија 2018

На 23.11.2018 година, од 10:00 до 16:00 часот во Македонска Филхармонија, Скопје, се одржа Глобален лидерски самит Македонија, каде свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ.

     
Syndicate content