IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

ГДПР - регулатива и согласност

Во организација на МКСтартап и Импетус, четврток 19.09. 2019 од 17ч. се одржа настан за Општата регулатива за заштита на личните податоци, каде можевме да слушнеме повеќе за регулативата, која влијае на нас без разлика на местото на живеење .
Темите на кои се дискутираше беа:
Што е Општата регулатива за заштита на податоците ?
Кое влијание го има оваа регулатива врз вас и врз компаниите?
Кои лични податоци се заштитени под оваа регулатива ?
Дали го имаме право да побараме нашите податоци да бидат да бидат избришани од серверите на некоја компанија ?
Кои се последиците ако компаниите не ја почитуваат оваа регулатива ?

Oдговори на овие прашања даде Лилјана Пецова – Илиеска која е магистер по филолошки науки, основач на ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро управување, како и еден од основачите на Форумот за управување на интернет во Македонија, IGF-MKD. Член на Комисија за жалби при Совет за етика во медиумите. Автор е на неколку научни трудови за заштита на личните податоци, како и дел од експертската група за подготовка на програмата за постдипломски студии во оваа област. Сертифициран обучувач за возрасни. Особен долгогодишен придонес во едукација на целни групи во образование за побезбеден интернет за децата и учениците. Дел е од заедницата за заштита на приватноста со посебен интерес кон секторот „безбедност и следење“ и „правото на приватност, особено во медиумите“. На настанот свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.