IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Конференција за бизнис и човекови права

Конференцијата за бизнис и човекови права која се одржа на 20.09.2019 во Скопје во хотел Арка, се реализира во рамките на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“, поддржан од Европската Унија, а спроведуван од Здружението Конект и Бизнис Конфедерација, чија цел e поддршка на економските и социјалните права во приватниот сектор преку унапредување на деловните и човековите права.

На конференцијата свое обраќање  имаа Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и висок претставник на Делегацијата на Европската Унија Виве Вимпари, директорката на Конект Никица Кусиникова, а  дискутираа претставници на стопанските комори, компании, граѓански организации и меѓународни експерти. Настанот беше со цел да се соберат сите релевантни засегнати страни и да им се даде можност да ја искажат својата посветеност на Водечките принципи на ОН за бизнис и човекови права и да ја подигнат свеста за важноста на човековите права од бизнис перспектива. За потребите на проектот, со цел да се утврди дали постојат политики и мерки за заштита на човековите права, било спроведено истражување преку дигитален мониторинг и анкета на компании селектирани од 200 те најуспешни во земјава. Истражувањето беше спроведено за да се утврди каква е моменталната состојба во препознавањето и разбирањето на бизнисот и човековите права. Со истражувањето се идентификуваа актуелните политики и практики за спроведување на човековите права во компаниите. Резултатите  укажаат кои се предизвиците и потребите и се појдовна основа во креирањето на понатамошните активности. На настанот свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел.