IT технологијата оди напред, ние ја следиме, Вам Ви останува само да не следите Нас..

Со Нас правите ИТ чекор - НАПРЕД!

Конференција „E-Society.mk – Отворени институции и отчетност“

Петнаесетти пат по ред Фондацијата за интернет и општество, Метаморфозис ја организира меѓународната конференција „е-Општество.мк“. Конференцијата се одржа на 27 и 28 Ноември 2019 год.во Хотелот „Холидеј ин“ во Скопје од 10:00 до 15:00 ч., при што свое присуство имаше и НЕКСТ-ЕМ дооел. Конференцијата е завршен настан на четиригодишниот проект ACTION SEE (Одговорност, Технологија и Мрежа на Институционална Отвореност во Југоисточна Европа) во кој 7 организации од Западен Балкан и Обединетото Кралство ги соединија своите напори за промовирање и обезбедување одговорност и транспарентност на властите во регионот на Југоисточна Европа.

Глобален лидерски самит Македонија 2019

На 22.11.2019 година, од 10:00 до 16:30 часот во Македонскиот Народен Театар, Скопје, се одржа Глобален лидерски самит Македонија, каде свое учество имаше и НЕКСТ-ЕМ. Глобализацијата наложува потреба од дијалог, соработка, едукација и обединување со заедничка цел - процут и благосостојба на секој човек и во секој дел од светот. Двигател на овој потфат е увереноста дека секој поединец или организација има обврска да вложи во изградбата на сопствените лидерски капацитети.

Дигитализација во претприемништво

Европската бизнис асоцијација организираше конференција Дигитализација во претприемништво која се одржа на 20 ноември 2019 год. во City Hall, Скопје, во рамки на Европската национална недела на мали бизниси.

Промоција на две анализи за перформансите на АВМУ и АЕК

На покана на Евротинк, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Презентацијата за четвртиот мониторинг извештај за работата на АВМУ (Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги) и АЕК (Агенција за електронски комуникации) и анализата „Поставеноста, перформансите и предизвиците во работењето на АЕК“ во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“ која се одржа на 08 Ноември 2019 год., петок, во Дневна Сала во х. Холидеј Ин, во Скопје, со почеток во 10:30 часот.

Трет Годишен ИГФ МКД Форум 2019

На покана на ИГФ МКД / IGF MKD ( Internet Governance Forum Macedonia ) - Форум за управување со интернет Македонија, НЕКСТ-ЕМ дооел присуствуваше на Третиот Годишен Форум за управување со интернет ИГФ МКД, кој е национална иницијатива во рамките на структурата на глобалниот ИГФ ( Global Internet Governance Forum ). Настанот се одржа на 28 Октомври 2019 год., во Македонски Телеком АД, со почеток во 11,00 часот.

     
Syndicate content